Истражувањето спроведено во САД на Клиниката Кливленд укажува на поврзаноста на конзумацијата на јајца и присутноста на хемиски спој поврзан со срцев удар.
Неодамна спроведена студија веќе го поврза карнитинот, состојка на црвеното месо, и делувањето на цревните бактерии вклучени во верижна реакција која може да го зголеми ризикот од срцеви болести.
Сега е утврдено дека лецитинот од јајцата по разложувањето во текот на варењето обезбедува потребни количини колин кој цревните бактерии го метаболизираат и излачуваат супстанца која црниот дроб ја претвора во спој наречен ТМАО.
Зголемена концентрација на ТМАО во крвта веќе порано е поврзано со поголем ризик за срцев и мозочен удар. Во новото истражување учествуваа околу 4.000 лица кои се следени просечно три години.
Се покажало дека уништувањето на клучните цревни бактерии со помош на антибиотици оневозможува производство на ТМАО.