Според најново истражување е утврдено дека глувците кои живеат на големи надморски височини, сиромашни со кислород, ги преживуваат екстремните услови хранејќи се со јаглехидрати.
На надморска височина од околу 4.000 метри, секое вдишување содржи околу 40 отсто помалку кислород отколку на морско ниво.
Во овие услови јаглехидратите се логичен избор, а причината за тоа лежи во фактот дека јаглехидратите можат да обезбедат 15 отсто повеќе енергија за истата количина кислород во споредба со мастите.
Во новата студија објавена во онлајн списанието Current Biology, истражувачите ги користеле глувците кои живеат на надморска височина, во перуанските Анди, и откриле дека овие глувци согоруваат повеќе јаглехидрати во однос на глувците кои живееле на пониските предели.
Нивните срцеви мускули исто така покажале поголем оксидативен капацитет, а токму овие две прилагодувања овозможиле на „домашните“ глувци на Андите да бидат поактивни на големи надморски височини, отколку што биле глувците на пониските предели.