Шпанскиот сликар Пабло Пикасо (1881-1973), за време на неговиот живот, бил присвојуван и од „комунистичкиот“ Источен блок и од Западот, објави ДПА.
Уметникот бил член на Француската комунистичка партија, но живеел „западно“ и претпочитал замоци. Изложбата „Пикасо: Споделен и поделен“ (Picasso Shared and Divided) во Музејот „Лудвиг“ во Келн, Германија, покажува колку денес е различна сликата за можеби најважниот уметник на 20. век, што е пренесена во Западна Германија и Источна Германија.
Изложени се околу 150 експонати, вклучително и политички слики како „Масакрот во Кореја“ (1951), од Музејот „Пикасо“ во Париз, Франција.
Посебно откритие е театарската завеса од Берлинскиот ансамбл во источниот дел од денешната германска престолнина. Изложбата трае до јануари идната 2022 година.