Германска полиција во потрага по вазна од Пикасо

Од:

Германската полиција бара помош за да пронајде вредна керамичка вазна, која ја направил Пабло Пикасо во далечната 1953 година, а која 76-годишниот сопственик ја изгубил во воз.

Вазната го прикажува познатиот мотив на Пикасо на був и сопственикот најверојатно ја изгубил за време на промена на возот во град во западна Германија.

Полицијата соопшти дека вазната со бела, црна и сина боја била направена во студиото на Пикасо во францускиот град Мадура, во близина на Ница, во вредност од најмалку 10.000 евра.

Вработените во возот биле известени веднаш штом вазната била изгубена, но за жал не ја пронашле.

Би можело да ве интересира

Изложбата „Пикасо: Споделен и поделен“ во Келн, Германија

Ана Ололовска

Нови осум дела на Пабло Пикасо ќе бидат изложени во Париз

Слика на Пикасо продадена за 85 милиони евра

Маж осуден на 18 месеци затвор за уништување слика на Пикасо

Ана Ололовска

Полиција во Германија откри терористичка организација чија цел била да го наруши поредокот на државата

А1он

Во германската армија минатата година уапсени седум екстремисти