Изложбата „Млади балкански дизајнери“ во Скопје

Од:

Изложбата „Млади балкански дизајнери“ (Young Balkan Designers) која го обединува дизајн секторот од регионот, ќе биде претставена  на Неделата на дизајн во Скопје (Skopje Design Week),  што ќе се одржи од 23 до 27 ноември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.

Изложбата „Млади балкански дизајнери“ во Скопје

Под менторство на светски познатите членови на жири Константин Грчиќ и Никола Радељковиќ,  ќе бидат претставени  15 иновативни решенија на младата дизајнерска сцена од Балканот.

Темата на изложбата е „New Analogue“, и според најавата, ќе донесе продукти кои го содржат човечкиот допир со процесот на дизајнирање и производство, поврзувајќи го со материјалите, занаетите и техниките на изработка што се дел од културната традиција на Балканот.

ИЗЛОЖБА МЛАДИ БАЛКАНСКИ ДИЗАЈНЕРИ

„Млади балкански дизајнери“ оваа година е составена од прототип решенија на дизајнери од Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Македонија, Романија, Србија, Словенија и Турција. Изложбата е дел од активностите на Балканската дизајн мрежа, основана од Друштвото на хрватски дизајнери од Загреб, „Миксер“ од Белград и „Јавна соба“ од Скопје. Пред да биде изложена на Недела на дизајнот во Скопје, изложбата беше претставена на фестивалот „Индиго“ во Љублана, Словенија.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска