Изложба на уметнички дела од употребена тетрапак амбалажа

Од:

Во холот на Младинскиот културен центар во Скопје денеска ќе биде поставена изложба на уметнички дела изработени од употребена тетрапак амбалажа.

Изложбата е дел од наградниот конкурс „Еко пакет Македонија“, а ја организира ОХО – Асоцијацијата за едукација, комуникација и консалтинг.

Проектот Еко пакет прв пат се организира во Македонија, а ќе учествуваат 23 основни училишта со 68 уметнички дела изработени од селектирана тетрапак амбалажа.

Наменет е за развивање на свеста и значењето на одговорното однесување кај децата, учениците, воспитувачите, наставниците и родителите, преку собирање, селектирање, одвојување и отстранување на картонот од употребената тетрапак амбалажа од млекото, јогуртот и соковите.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“