Изложба на рачно изработен накит

Од:

„Биди различен“ е насловена изложбата на рачно изработен накит од авторот Филип Митевски, која вечерва беше отворена во Уметничката галерија Куманово.

Кумановци имаа можност да проследат 70-тина парчиња рачно изработени накит од различни материјали, бисери, тантела, сваровски кристали, кожа, стаклени бисери…

– Изложбата што вечерва можеме да ја проследиме е различна од онаа што досега го презентираме. Остваривме соработка со нашиот сограѓанин и првин пред кумановската јавност го откриваме талентот на Митевски. Се надевам дека тука нема да застанеме и ќе продолжиме во иднина да ги презентираме изработките на авторот, изјави Анита Цветановска, директорка на НУ Музеј Куманово.

Митевски рече дека оваа е прва изложба од ваков тип.- Во овој период течат преговори за учество на меѓународна изложба која ќе се одржи во Бугарија, изјави Митевски.

Со изработка на накит тој се занимава пет години. Својот талент го надградил во Софија и во други градови каде што посетувал курсеви за специјална техника за рачна изработка на накит.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска