Со нова колекција на дизајнирани парчиња женски чевли вечер во Јавна соба ќе се претстави Катерина Микрут позната како „Мика дизајн“.
Чевлите кои „Мика дизајн” ги претставува се суплемент на облека и накитот, кои до сега се презентирани на модните настани во Скопје и Битола.
– Главните инспирации на Микрут се самите материјали, нивните комбинации, експериментирањето со нив, нивното пренаменување, реупотреба и рачните техники на изработка, пред се плетењето. Одлично ги комбинира новите материјали и технологии достапни кај нас со занатските вештини и успева да извлече максимум од сето тоа, се наведува за изложбата.
Најновата линија на оваа дизајнерка ја сочинуваат ташни, сандали како и модни додатоци кои се прикачуваат на секојдневната облека.