Излезе првиот „BlackBerry“ со двојна камера

Од:

Компанијата „TCL Communication“, на која припаѓа во моментов брендот „BlackBerry“, претстави нов смартфон – „BlackBerry Key 2“. Тој доаѓа на местото на минатогодишниот „BlackBerry KeyOne“ и е првиот паметен телефон на брендот со двојна камера.

„BlackBerry Key 2“ ја доби легендарната „QWERTY“ тастатура. Копчето за брз пристап „Speed Key“ овозможува директен пристап до избрани апликации, контакти и функции. Кога внесувате текст користејќи гестови, тастатурата може да ја преземе улогата на тачпад.

Смартфонот е опремен со 4,5-инчен екран на допир со резолуција 1620 x 1080 пиксели и сооднос на страните 3: 2, двојна главна камера 12 + 12 MП и 8 мегапикселна предна камера. Во неговата основа е 8-јадрен процесор „Qualcomm Snapdragon 660“ со графика „Adreno 512“, 6 ГБ РAM и 64/128 ГБ вградена флеш меморија со можност за проширување со мемориска картичка до 2 TБ.

Батеријата е со капацитет 3360 милиампер часови со технологија за брзо полнење „Qualcomm Quick Charge 3.0“.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска