Изградба на „Снежен град“ на Попова Шапка од 20 февруари

Од:

Детскиот културен центар „Карпош“-Скопје од 20-ти до 25 февруари на Попова Шапка ќе ја организира традиционалната манифестација за деца „Снежен град“. Од 25 февруари ќе организира и „Карван – Попова Шапка 2017“ – еднодневни излети до Снежниот град.

Градители на Снежниот град се ученици од основни училишта од Скопје, Гевгелија, Виница и од Тетово. Тие ќе бидат сместени во хотел „Славија“-ЕЛЕМ, со кој ДКЦ „Карпош“ соработува во организирањето на манифестацијата.

Снежниот град ќе биде отворен за посетители на 25 февруари во 11 часот, кога ќе го претстават неговите градители и директорката на ДКЦ „Карпош“ Ружа Ѓорѓеска.

Би можело да ве интересира

Камиони и автобуси не смеат да се движат на патот Тетово – Попова Шапка

Жарко Настоски

Тетовски полицајци евакуираа семејство заглавено на Попова Шапка

Ски-лифтовите на Попова Шапка не се во функција поради дожд и магла

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пуштена во употреба шестоседната жичница на Попова Шапка

Ана Ололовска

На Шапка од денеска во употреба новата шестоседната жичница

Ана Ололовска

Намалена видливост на Шапка и Стража

Наум Локоски