Српскиот премиер беше гостин на шоу програма на телевизијата Прва српска кај Иван Ивановиќ и вети дека тој и неговите „пријатели пеачи” ќе направан концерт за четири години.
Српскиот премиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, познат по своите шеги, па дури и пееше во јавноста, беше гостин во емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ”.
Во неформална атмосфера, премиерот зборуваше отворено за резултатите на Владата во минатото и нивните очекувања и идни планови.