Актерот Итан Хоук изјави дека најубавиот бакнеж го имал со својата колешка Анџелина Џоли, со која заедно играа во филмот „Одземање на животи“ во 2004 година.
– Анџелина е создадена за да ги прави мажите слаби и кога ќе ве бакне, едноставно заборавате како се викате, истакна Хоук.
Долго време се зборуваше дека Анџелина и тој биле во врска и оти романсата била страствена како во филмот „Одземање на животи“, но Хоук не сака да ги потврди таквите гласини.
Тој како најдраг филм го посочи „Ден за тренирање“ со Дензел Вашингтон.
– Навистина мислам дека Дензел е еден од најголемите актери на денешницата, истакна Хоук.