Истражување: Шпанците се најздрави

Од:

Жителите на Шпанија се најдоа на врвот на листата на најздрав народ, покажаа резултататите од истражувањето спроведено во 16 земји, Западна Европа, Австралија, Канада и САД.

Резултатите од истражувањата се објавени во медицинското списание „Ланцет“, во кој се анализирана честите смртоносни болести од 1990 до 2010 година.

Лидерот на истражувачкиот тим, Кристофер Мареј, кој се занимава со медицинска статистика на Универзитет Вашингтон во Сиетл изјави дека резултатите се изненадувачки.

-Сите мислиме дека Британија има одличен здравствен систем и дека е една од најсофистицирани медицински истражувачки заедници на светот- изјави тој и додаде дека не очекувал неговата земја да се најде на последното место.

Велика Британија се наоѓа на 12-то место, по очекувањето на должината на здравиот живот, од 68,6 години.

САД е на 17-то место, од 19 земји со 67,9 години живот и добро здравје, а Шпанија е на врвот со 79,9.

Гледано според годините изгубени поради здравствените проблеми, Велика Британија е на последното место поради сериозни респираторни инфекции, компликации со предвремено раѓање на бебиња и ракот на дојка.

Во Италија има најниска стапка на респираторни инфекции, додека Норвешка најдобро ги решава проблемите со предвремено раѓање. Шведска има најниска стапка на смрт од рак на дојка.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска