Истражување: Газираните сокови се штетни за црниот дроб

Од:

Црниот дроб ги филтрира штетните материи од телото и затоа неговото здравје е од исклучителна важност за човекот. Кога станува збор за оштетување на црниот дроб, обично веднаш се помислува на алкохол, но истражувањата покажаа дека овој орган има значително поголема штета од други, можеби и попопуларни напивки…

Имено, тоа се засладените газирани пијалаци. Истражувањето е на здравствените стручњаци од американскиот Медицински универзитет на Бостон, а трудот е објавен во списанието „Clinical Gastroenterology and Hepatology“. Во новообјавениот заклучок, научниците посочуваат дека набљудувале учесници со просечна возраст од 63 години и 48 години. Нешто повеќе од половина учесници биле жени.

Доброволците пријавиле колку често пијат засладени газирани сокови, па резултатите говорат дека „неалкохолниот“ мастен црн дроб може да предизвика цироза на самиот орган, но и бенигни проблеми, како што е зголемен црн дроб.

Неалкохолниот стеатохепатитис може да се спречи со исфрлање на засладените пијалаци од исхраната. За често консумирање се смета сè она – меѓу еден и повеќе пијалаци на ден.

И луѓето кои само повремено пијат засладени пијалаци – што значи еднаш месечно или помалку од еднаш неделно, исто така имале малку повеќе насобрани масти во црниот дроб од луѓето кои не пијат такви напитоци.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска