Истражување: Алкохолот го штити срцето, но не спречува рак

Од:

Умереното конзумирање алкохол може да го заштити срцето од болести, но не отстранува какви било ризици од рак, се наведува во ново истражување на Империјал колеџот во Лондон под наслов „Глобалниот товар на болестите“.

Истражувањето опфатило лица на возраст од 15 до 95 години, во 195 земји во светот, од кои една група конзумирале многу алкохол, друга – воопшто не пиеле и трета – во која конзумирале само еден пијалак дневно, во период од 26 години.

Според резултатите од истражувањето, кај лицата од првата група чести се повредите и заболувањата од рак. Една од авторите на трудот, Соња Саксен, смета дека и една пијалајк дневно претставува ризик, а ретко кога луѓето остануваат на само една чашка.

Статистиката говори дека Британците во просек пијат три чашки на ден, а на листата конзументи на алкохол, водат Романците кои пијат по осум пијалаци на ден. Во женска конкуренција, Украинките се на прво место со 4,2 чашки алкохол дневно во просек.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска