Пратеничката во исландскиот Парламент, Унур Бра Конрадсдотир држеше говор и истоврено ја доеше нејзината ќерка, која е на возраст од еден и пол месец, за време на парламентрана седница што директно се пренесуваше на телевизија.
Конрадсдотир, која е пратеничка од редовите на десничарската Партија за независност, изјави дека оваа постапка е „најприродната работа на светот“ и дека „не му пречела на бебето“.
– Напротив, би и пречело да престанам да ја хранам додека зборувам, истакна Конрадсдотир, која е мајка на три деца.
Како што јавија исландските медиуми, вакво нешто првпат се случува во историјата на земјата.