Иранскиот режисер Асгар Фархади нема да присуствува на доделувањето на Оскар

Од:

Иранскиот оскаровец, режисерот Асгар Фархади нема да присуствува на свеченоста на доделувањето на Оскар закажана за 26 февруари во Лос Анџелес заради најновите забрани за издавање визи кои ги потпиша американскиот претседател Доналд Трамп.

Филмот на Фархади „The Salesman“ е номиниран во категоријата Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Фархади во изјавата на иранските медиуми напомена дека планирал да присуствува на свеченосота во Лос Анџелес, но тој бил приморан да ја промени одлуката, поради неизвесноста околу издавањето визи.

Трамп во петокот со декрет на 90 дена забрани издавање визи за влез во САД за државјаните на седум земји. Станува збор за Иран, Ирак, Судан, Либија, Јемен, Сомалија и Сирија, со тоа што влезот на сириските државјани е забранет на неодредено време.

Со истиот декрет Трамп на 120 дена го прекина спроведувањето на Програмата на САД за прием на бегалци, додека не се утврди од која земја можат да се примат, но после темелни проверки.

Би можело да ве интересира

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Познато е кој ќе биде водител на програмата на 96. доделување на Оскарите

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар

(ВИДЕО) „Се во исто време“ однесе седум Оскари, неверојатно враќање на Брендан Фрејзер

Катерина Ѓуровски

Лејди Гага одби да настапи на Оскарите – има проблем и нема решение

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шамарот кој одекна низ светот: Вил Смит моли за прошка