Иран: „Арго“ e реклама за ЦИА

Од:

Оскаровецот „Арго” е само реклама за американската разузнавачка служба ЦИА, оцени денеска иранската државна телевизија. Иранската агенција Мехр наведува дека филмот е „политички мотивиран”, додека министерот за култура Мохамед Хосеини рече дека Холивуд ја преправа историјата.

Иако „Арго” не е на репертоарот на иранските кина, за филмот се зборува благодарејќи на тие што го гледале на пиратски двд-а.

Дискусијата се води помеѓу тие што учествувале во Исламската револуција во 1979. година и кои не се согласуваат со начинот на кој е претставен Техеран од тоа време, и младите Иранци кои не се сеќаваат на тие случувања.

Младите велат дека сакаат да го знаат ставот и на другата страна, додека еден од учесниците на револуцијата кој во 1979. година бил студент, а денес член на градската власт, тврди дека во филмот се преувеличува насилството при заземањето на Амбасадата на САД во Техеран, по повеќемесечната криза со заложниците.

Агненцијата Мехр наведува дека филмот е „политички мотивиран“, зашто синоќа при прогласувањето на најдобриот филм, на линк во живо се вклучила и првата дама Мишел Обама.

Министерот за култура на Иран, Мохамед Хосеини рече дека Холивуд ја менува историјата, а официјалните лица оценија дека филмот е дел од „тивката војна“ која треба да влијае на културата во Иран.

Во центарот на Техеран, пиратска копија на филмот „Арго” се продава за 30.000 ријали, односно за помалку од еден долар.

Оскар за најдобар филм од неанглиското говорно подрачје во 2012. година доби филмот “Сепаратион” од иранскиот режисер Асгар Фархадиј.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ