Интимниот бакнеж меѓу Макрон и министерката за спорт предизвика реакции: „Вака го бакнувам сопругот“

Од:

Бакнежот на Емануел Макрон и француската министерка за спорт Амели Оуде-Кастер на Олимписките игри во Париз беше причина за бројни коментари на социјалните мрежи.

Таа му ја стави раката околу вратот и страсно го бакна во уво.

Фотографиите првпат ги објави магазинот Madame Figaro, кој овој бакнеж го нарече чуден и ја обвини Амели дека се обидува да го привлече вниманието на јавноста кон себе. Ја осудија и корисниците на социјалните мрежи.

„Вака го бакнувам сопругот. Срамно“, „Оваа фотографија ја сметам за непристојна. Не е достојна за претседателот и министерката“, „Ужасно однесување. Како не се срами?“, се дел од реакциите.

Амели порано професионално играше тенис. Веќе извесно време е во центарот на вниманието на јавноста. Освен бакнежот за кој многу се зборува, таа неодамна заплива во реката Сена затоа што сакаше да докаже дека е чиста и дека нема причина од страв од ешерихија коли.

Како што е познато, триатлонот во неделата беше откажан бидејќи квалитетот на водата не беше задоволителен. Амели е во брак од 2006 година со Фредерик Оуде, поранешен извршен директор на Сосиете Женерал и актуелен претседател на управниот одбор на Санофи. Имаат три деца.

Во 2007 година, Емануел се ожени со Брижит Макрон, која е 24 години постара од него.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон за средбата во Ријад: Трамп може повторно да започне корисен дијалог со Владимир Путин

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Макрон предложи воена мобилизација „како што се натрупуваат заканите“

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа