Оваа впечатлива и интересна столица е најновиот дизајн на архитектот и дизајнер Јакоб Гомез.
„Gi Booth“, како што е наречена, се разликува по многу креативниот и интересен пристап, облик, боја и функционален дизајн. Архитектонската естетика на столицата и неверојатната комбинација на силни основни бои со три различни видови дрво, создаваат прекрасен контраст, и од секој агол веројатно ќе откријат неочекувани детали.
Ова исклучително парче мебел е практично и елегантно, со акцент на дизајнот, бојата и обликот.