Уживањето во филџан чај може да биде вистинско ритуално задоволство, посебно во текот на зимските месеци.
Сепак, ова искуство може да биде многу послатко, ако го имате интересниот сервис за чај.
Сервисот за чај Форм е дело на познатиот дизајнер Том Диксон. Ако сте запознати со работата на овој креативен човек, тогаш мора да го поседувате овој комплет за чај. Со гламурозни декоративни детали, направен од месинг, овој сет го канализира и го прославува британскиот ритуал на попладневен чај.
Сите делови на сетот се третирани со златни детали кои ќе доживеат оксидација со тек на времето, креирајќи единствена патина, а течноста и влажната средина ќе го забрза тој процес.
Ако по некој случај сакате да избегнете создавање на единствен ефект на патина, тогаш можете да го купите овој сервис и гордо да го изложите на некоја полица која секогаш ќе биде видлива и за вас и за вашите гости.