Инстаграм овозможува прикачување фотографии со ХД резолуција

Од:

Социјалната мрежа за споделување на фотографии „Инстаграм“ наскоро ќе овозможи прикажување на слики во висока ХД резолуција.

Инстаграм денеска потврди дека наскоро ќе прикажува фотографии со резолуција од 1080х1080 пиксели, што значи дека при прикачување сликите повеќе нема автоматски да се „сечат“ и со тоа ќе се спречи губење на некои детали.

Досега Инстаграм дозволуваше прикачување на фотографии со резолуција од 640х640 пиксели.

Популарната социјална мрежа, која е во сопственост на „Фејсбук“, месечно има повеќе од 300 милиони активни корисиници.

Би можело да ве интересира

Нов проблем со апликациите „Вотсап“ и „Инстаграм“

Инстаграм повторно „падна“

Горан Наумовски

Канаѓаните немаат пристап до Фејсбук и Инстаграм

Пад на приходите на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“

Русија го забранува Инстаграм, а Мета сака да ја прогласи за екстремистичка организација

Мета се заканува дека ќе затвори Фејсбук и Инстаграм во Европа