Инстаграм новитети: Лајкување фотографии и оневозможување на коментари

Од:

Инстаграм ги ажурираше своите коментари, па корисниците сега можат да лајкаат на своите постови, се наведува во соопштението на компанијата, која сега е во сопственост на Фејсбук.

Апликацијата исто така воведе можност за исклучување на коментари на одредени постови и отстранување на следбеник од приватниот профил без блокирање.

Кевин Систром, основач на Инстаграм, рече дека можноста за коментирање им помага на корисниците на Инстаграм да пружат поддршка и да поттикнат позитивни вибрации во целата заедница.
Коментарите на Инстаграм може да се лајкаат исто како што се лајкаат фотографиите, означете срце покрај неа. Од Инстаграм велат дека за разлика од Фејсбук, лајковите нема да влијаат на појавување на одреден пост, иако оваа опција отвора можност за рангирање на коментарите во иднина.

Би можело да ве интересира

Нов проблем со апликациите „Вотсап“ и „Инстаграм“

Инстаграм повторно „падна“

Горан Наумовски

Канаѓаните немаат пристап до Фејсбук и Инстаграм

Пад на приходите на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“

Русија го забранува Инстаграм, а Мета сака да ја прогласи за екстремистичка организација

Мета се заканува дека ќе затвори Фејсбук и Инстаграм во Европа