„Инстаграм“ доби нов дизајн

Од:

Популарната социјална мрежа за споделување фотографии „Инстаграм“ доби нов дизајн.

Сервисот за споделување фотографии, што е во сопственост на „Фејсбук“, ја подобри својата веб верзија со нови фид и хаштаг страници, со што се добива на брзина.

„Инстаграм“ соопшти дека редизајнираната верзија наскоро ќе биде достапна за сите корисници.

Со новиот изглед профил страницата е значително зголемена и сега се прикажуваат три големи фотографии во еден ред, наместо досегашните пет. Освен тоа, границите и заоблените рабови сега се отстранети, што придонесува за поедноставен изглед.

„Инстаграм“ неодамна започна на корисниците да испраќа пораки под назив „Хајлајтс“, што накратко прикажува што корисниците пропуштиле додека биле исклучени од мрежата. Претходно „Инстаграм“ воведе и три нови филтри за фотографии, како и емотикони, шт може да се користат во хаштазите.

Би можело да ве интересира

Нов проблем со апликациите „Вотсап“ и „Инстаграм“

Инстаграм повторно „падна“

Горан Наумовски

Канаѓаните немаат пристап до Фејсбук и Инстаграм

Пад на приходите на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“

Русија го забранува Инстаграм, а Мета сака да ја прогласи за екстремистичка организација

Мета се заканува дека ќе затвори Фејсбук и Инстаграм во Европа