Информативна средба во Microsoft за подобрување на образовните процеси

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес учествуваше на информативната средба во Microsoft во Скопје, на која беа презентирани неколку образовни иновативни проекти и платформи.

Станува збор за тригодишна успешна соработка со Microsoft, кој се докажа како сериозен партнер и двигател на промени со веќе светски признати иновативни практики. Целта на средбата беше да се предложат современи модели применливи во образовните процеси во училиштата, со конкретни предлози како да се прошири нивната употреба и применливост во наставата ширум земјата.

На сесијата беше претставено OneNote решението, како единствен и лесен начин да се развијат и организираат наставните активности, како и бесплатната и отворена платформа Office365, како модел кој е корисен за македонското образование со можности за заштеда.

Покрај ова, наставници и професори од основни и средни училишта во Република Македонија ги презентираа и проектите со кои преку образовни видеа и други содржини се олеснува процесот на наобразба на учениците, со апел истите да добијат институционална поддршка.

Како што појасни менаџерот на академските програми на Microsoft за Македонија и Косово, Влора Адеми, сите овие проектни активности се со цел унапредување на квалитетот на образованието, способностите и вештините на 21 век, и ефикасното користење на информатичко-комуникациските технологии, како основа за развој на конкурентно информатичко општество.

Министерот Ивановски од своја страна напомена дека Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за образование и наука настојуваат да преземат конкретни чекори почнувајќи од законски измени, како и заеднички активности со цел подобрување и унапредување на образовните процеси во ИКТ сферата. Денешните информации и други идни планови на оваа тема министерот ќе ги сподели со останатите наставници на следниот онајлн вебинар во организација на Microsoft.

Би можело да ве интересира

Македонски ученици освоија три бронзени медали на Интернационалната олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Бронзен медал за македонските млади информатичари на Европската јуниорска олимпијада по информатика одржана онлајн во Грузија

Ана Ололовска

Два освоени медала на 13. Јуниорска балканска олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Балканска олимпијада во информатика во Скопје

Ана Ололовска

Во Штип „DigiGirlz“ караванот на Мајкрсофт Македонија

Ана Ололовска

„DigiGirlz“ – можности девојките да станат дел од ИТ-светот

Ана Ололовска