Индонезијците не се среќни на работа, но се среќни во семејството

Од:

Првпат во историјата на Индонезија е спроведено испитување според кое се утврдува колку е среќна нацијата. Денеска објавените резултати покажуваат дека мнозинството Индонезијци не се чувствуваат среќни на работните места, а се загрижени и за можностите да добијат солидно образование. Од друга страна, на највисоко место од скалилото до 100 отсто позитивни проценти од анкетата се одговорите на прашањето – колку се среќни во семејството.

Испитувањето го спровела Централната агенција за статистика, а биле анкетирани 9.600 жители на 250 милионската држава. Индонезиските статистичари  на прес-конференцијата на која се објавени резултатите го изнесоа и податокот дека во државата расте бројот на загрозните од сиромаштија. Официјално, во септември 2013 сиромашни биле 28,5 милиони Индонезијци, половина милион повеќе од истиот месец една година пред тоа.

Определувањето на ниво на среќата на национално рамниште е дел на глобалното испитување што се вршеше под покровителство на Обединетите Нации. Според последните резултати, најсреќни се жителите на Данска, Норвешка, Финска и Холандија.

Во земјите на југоисточна Азија најсреќни се Сингапурците, кои се наоѓаат на 30 место на глобалната листа. Како најмалку среќни се рангирани жителите на Камбоџа, која е на 140 место меѓу 156 држави во кои е спроведено испитувањето. Тајланд, Малезија и Виетнам на 53, 54 и 56 место на листата, а Индонезија е 76-та. Филипините се на 92, Лаос на 109, а Мјанмар најниско – на 121 место во светот.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски