Шефот на кујната на најелитниот хотел „Борободур“ од Џакарта со 12 помошници вчера во Милано, на светската изложба Експо, го претставија до сега најголемото направено традиционално свадбарско јадење „Тумпенг“.
Јадењето, во чија основа е оризот, беше презентирано и пред претставници на Гинис, кои потврдија дека овој кулинарски потфат ќе влезе во книгата за рекорди.
За да се подготви оваа рекордна „порција“, готвачите од хотелот „Боробудур“ употребиле 350 килограми посебен вид ориз што е многу леплив кога е сварен и уште 250 килограми друг ориз.
Џиновскиот „Тумпенг“ има осум слоеви ориз зачинет со кокосово млеко и многу други зачини, а е опкружен со 17 декоративни јадења и 47 помали „Тумпенг“ оброци, кои вообичаено во Индонезија и во голем број други држави во Азија се служат за 10 до 12 гости.