Имот кој се продава во Ирска за 2.950,000 долари е посебен по тоа што поседува и патека за картинг.
Агенцијата Стенли Бест за милионски износ го продава имотот на кој се наоѓа куќа со гаража за три возила и одлична патека за картинг. Патеката може лесно и брзо да се преуреди со цел да се преуреди со цел да се добијат различни облици, а има и објект за контрола на трката со кујна и работилници за поправки.
Куќата поседува внатрешен базен, сауна и просторија за кино, а направен е и хелиодром. Во рамки на имотот има и игралиште за деца.