44-годишната Кинеска Чен Јингјуан има коса долга 182 сантиметри, а таа е висока 152 сантиметри!
11 години воопшто не ја скратила својата коса, која ја смета за нејзино најголемо богатство.
За да ја измие својата коса и е потребен еден час, а таа се суши за ден и пол.
Интересно е што таа добила бројни понуди за откупување на нејзината огромна коса, а некој богаташ и понудил 20.000 долари за скапоцените прамени долги 182 сантиметри.