„Спејс 10“, иновативната лабораторија на компанијата „ИКЕА“ креираше зелен мебел што претставува специјална градина за одгледување на билки, овошје, зеленчук и зачини.
„Гролрум“ ги инспирира луѓето да ја одгледуваат храната во многу полокални и поодржливи услови, а при тоа, со висината од 2,7 метри, им овозможува на луѓето да одгледуваат билки во затворен простор.
Специјално дизајнирана од 17 слоеви шпертплочи, структурата на оваа градина може многу едноставни да се состави со употреба на гумен чекан, 500 парчиња нерѓосувачки навртки и бормашина.