Игротеката со големина од 250 метри квадратни изградена е до куќата на сопственикот и е наменета за забава, како на децата така и на возрасните.
Проектот е замислен како големо игралиште за семејство кое се проширува, дизајниран како дом за детските играчки и место за забави и разни настани.
Дискретниот влезен простор одеднаш се отвора и повикува на игра, додека скалите им овозможуваат на посетителите да изберат меѓу трите различни нивоа кои се наоѓаат во куќата.
Првото ниво содржи голема медиумска соба, за играње видео игри и гледање филмови, а има и кујна. Лизгачката врата водат кон екстериерот во кој се наоѓа тобоган.
Горното ниво е замислено и креирано како флексибилна метална капсула, која може да се управува од далечина. Овој простор може да се проширува и да се намалува, да се изолира или да се отвори во зависност од потребите и бројот на посетители.