Идните паметни телефони на „Нокиа“ ќе работат со „Андроид уан“

Од:

„Нокиа“ има силно присуство на мобилниот конгрес во Барселона, каде што официјално ја претстави новата генерација смартфони со „Андроид“, која вклучува пет различни модели.

Компанијата, исто така, веќе ги увери потрошувачите дека на сите нивни уреди ќе ги добиваат максимално брзо идните софтверски ажурирања на „Гугл“, бидејќи работат со речиси фабричката верзија на платформата.

Оваа функција не само што ќе им ја олесни работата на корисниците, туку исто така ќе и донесе значителна предност за „Нокиа“ во конкуренција со другите водечки производители.

„ХМД Глобал“, кој ги има правата за брендот „Нокиа“, увери дека сите идни смартфони ќе бидат промовирани како „Андроид уан“ уреди, што ќе осигура дека ќе се добиваат најбрзо надградбите на „Гугл“ и ќе бидат максимално сигурни.

Софтверската поддршка за нив ќе биде најмалку година и пол, информира „СлешГир“.

„Андроид уан“ e наследник на „Гугл Плеј Едишн“ иницијативата поврзана со смартфоните „Нексус“ и обезбедува „најчисто“ „Андроид“ доживување.

Тоа ја елиминира можноста за додавање на интерфејси од производителите и задржување на фабрички дизајн на платформата, која обезбедува оптимална брзина и е гаранција за брзи ажурирања.

Ова дефинитивно ќе биде скриеното оружје на „Нокиа“ во мобилната индустрија. Три од уредите на СМК се базираат на „Андроид уан“ и соодветно ќе работат со „Андроид 8.0 Oрео“.

Во исто време, нивниот четврт нов модел е првиот „Нокиа“ уред базиран на „Андроид го“. Сите нови паметни телефони на компанијата ќе користат „Андроид уан“.

Би можело да ве интересира

Нокиа се повлекува од Русија

Дајмлер се согласи да и плати на Нокиа за користење на патентите

Ана Ололовска

Нокиа планира намалување на 10.000 работни места

Ана Ололовска

„Волстрит џурнал“: САД сакаат вештачки да ја зголемаат конкуренцијата со „Хуавеј“

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

ХМД Глобал го промовираше наследникот на Нокиа 7

Кристијан Ландов