Во близина на езерото Винипег во Канада е изградена модерна и стилски уредена куќа, од која се пружа неверојатен поглед кон нејзиното опкружување.
Куќата „Пол Хаус“ е изградена на метална база вградена во варовничките камења кои го карактеризираат овој предел, а нејзината стабилност е обезбедана од конструкција изработена од рециклирани гасни цевки, кои на целата градба и даваат изглед карактеристичен за индустрискиот дизајн.
Но, ваквиот впечаток се губи веднаш по влегувањето во куќата, чии ентериер има сосема поинаков стил, кој зрачи со гостољубив, топол и елегантен амбиент.
На првиот кат се сместени дневниот престој, трпезаријата и кујната, додека на двата горни ката се наоѓаат спалните соби.
Катовите на куќата меѓусебе се поврзани со дрвени скали, кои целосно се вклопуваат во внатрешниот амбиент, кој е идеален за одмор во секој период од годината.