За разлика од мажите, жените се родени со фиксен број на јајце клетки, кои се фундаментални за репродукцијата и со самото тоа по навршените 35 години возраст, имаат тешкотии да забременат.
Мажот на тие години создава над сто милиони сперматозоиди на ден, по илјада за секое отчукување на срцето. Теоретски, мажот произведува сперма која е свежа цело време и поради тоа, нема разлика меѓу спермата на лице во поодминати години и лицето на возраст од 35 години.
Најновите истражувања, меѓутоа, укажуваат на извесни ограничувања во плодноста и кај мажите. Мажите кои се постари од 40 години имаат помали шанси да станат татковци во споредба со помладите мажи. Исто така, нивните деца се изложени на поголем ризик од заболување од аутизам, шизофренија и психози, односно депресија.
Испитувањата исто така покажале дека децата родени од повозрасни татковци имаат пониска вредност на тестовите за интелигенција. Едно истражување докажало дека зачестеноста за Даунов синдром 50 отсто е зависна од квалитетот на сперматозоидите.
Според истражувањата, доколку се спојат повозрасен маж и помлада жена, развојот на ембрионот е поинаков отколку во случај кога и двајцата партнери се помлади.
Колку што е постар мажот, квалитетот на неговата сперма е повеќе променет. Намалена е подвижноста на сперматозоидите и намален е и квалитетот на нивната ДНК. Самата плоност (фертилитет) не се намалува, туку само се намалува квалитетот на сперматозоидите.