И јагнето Венсан запишано во училиште

Од:

Весикот „Фигаро“, пишува за еден несекојдневен настан, и што се може да се направи за да се одржи нешто.

„Француско училиште запиша јагне за ученик, за да не се затвори еден од неговите оддели“, напиша  весникот“.

На почетокот на учебната година училишната инспекторка утврдила дека еден од одделите во школото Жил Симон, во градот Сен Назар, броел 286 ученици, а требало да има уште еден ученик, за да не биде затворен.

Тогаш некои снаодливи родители го регистрирале ученикот Венсан П. Тој всушност е 10-месечно јагне, сопственост на семејството на еден од учениците.

На овој начин,  барањето одделот да има 287 ученици било исполнето.

Сега додека децата си учат, нивниот соученик   Венсан П.,  е пуштен во дворот на училиштето, каде кротко пасе.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски