По повод 25 годишнината од постоењето на едно од најстарите танцови и аеробик студија – Ребис со поддршка на ЈП Паркинзи на општина Центар организира хуманитарна претстава концерт за 21-годишниот Никола Колев кој боледува од карцином на меко и сврзно ткиво.
„Генерација ИКС” е претстава/ кореодрама која зборува за детството во 21 век. Какво влијание на децата има напредокот на технологијата, модата, интернетот, кои им се идоли и какви информации допираат до нив. Целта на претставата е да постави прашање и понуди одговор. Претставата е од едукативен карактер, како за децата така и за возрасните.
Ребис ги поканува сите хумани граѓани вечер во 20 часот да дојдат на овој хуманитарен настан во Македонскиот народен театар, и со секој купен билет да донираат за младиот Никола.
Цената на билетите е 250 денари и можат да се купат на билетарницата на МНТ. Средставата од продадените билети ќе му бидат предадени на Никола за специјалистичките прегледи кои му се неопходни и лекување во странство.