Хуманитарен концерт за семејството Кочоски

Од:

Македонските естрадни уметници Виолета Томовска, Благица Павловска, Јордан Митев, Ефто Пупиновски, Милица Кузмановска, Круме Спасовски и Дејан Добрески ќе настапат на хуманитарен концерт посветен на семејството Кочоски од Скопје.

За ово сиромашно седумчлено семејство (родители и пет малолетни деца, од кои едно шестмесечно бебе), кое живее во населбата Драчево, на хуманитарниот концерт ќе настапат и културно-уметничките друштва „Гоце Марковски“, „Фолклорни бисери“, „Кочо Рацин“ и „Студио Фолклор“.

Концертот ќе се одржи на 14-ти јуни во спортската сала „Македонско сонце“ во основното училиште „11 Октомври“ (спроти полициска станица Пролет), а ќе трае од 13 до 15 часот.

Влезницата на концертот, како што информира организаторот музичкото училиште „Игор Продакшн“,  е 100 денари и може да се купат во „Југотон“. Собраните пари ќе бидат наменети за семејството Кочоски, на кои треба да им се обезбеди кров над глава или доколку институциите помогнат во нивно сместување со обезбедување социјален стан, тогаш собраните пари ќе се пренаменат за купување покуќнина.

Засега единствен генерален спонзор на хуманитарниот концерт е Фабриката за перници и постелнина „Донитекс“ од Свети Николе.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска