Хуманитарен концерт за помош на две сиромашни семејства

Од:

Група млади на 8. мај, петок, организираат хуманитарен концерт „Музика за општествени промени не за профит“, во Блок Слуб во Трговскиот центар „Мавровка“. Собраните средства ќе бидат наменети за две сиромашни семејства, кои живеат во тешки финансиски и животни услови.

Настап ќе имаат ДЈ Гоце Саф, Елинел, Иги Ман, Foolich Green, Амон Мра и Лаура Крлиу.

– Желбата да се помогне на луѓе кои се во тешка финансиска состојба зближи една група млади луѓе кои заедно со Оопштинската организација на Црвениот крст Чаир го организираат овој хуманитарен концерт. Идејата е музиката да не се користи само за личен профит, туку да се користи за да се поттикнат позитивни промени во општеството. Концертот ќе ги зближи младите од различни националности за една заедничка цел да се помогне на семејствата Иванови и Османи, соопштија организаторите. 

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска