Хуманитарен концерт „По патеките на Тоше“

Од:

Во Спортската сала во Кочани синоќа по трет пат се одржа хуманитарниот концерт „По патеките на Тоше“ посветен на Тоше Проевски.

Организатор на концертот, на кој учествуваа музичари, пејачи и групи од источна Македонија е Тоше Илиев, момчето за кого Тоше Проески пред петнаесет години во Кочани одржа хуманитарен концерт за негово лекување во странство.

– Концертот е само уште едно потсетување на хуманоста на Тоше Проески. Тој им помогна на моите родители да обезбедат финансиски средства за моето лекување во странство, кое успешно заврши. Денес кога можам и јас да бидам хуман ги организиорам овие концерти во спомен на Тоше Проески и неговата хуманост, изјави Илиев.

Средствата собрани од концертот ќе бидат наменети за лекуваме на Даниел Митков, кој треба да замине на лекување во Кина.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена