Хуманитарен фестивал на лебот

Од:

Под мотото „Биди добар како леб“ вечерва во Скопје ќе се одржи четвртиот по ред хуманитарен фестивал на лебот.

Фестивалот е во организација на хуманитарното здружение  „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“  и балканската асоцијација за алтернативен туризам „Балканиа“.

На фестивалот, пекари  и бурекџилници ќе  ги донираат своите производи кои ќе бидат понудени на лицитација. Собраните средства ќе бидат наменети за децата без родители и родителска грижа од СОС Детското село и за Домот „11 Октомври“.

На оваа манифестација со свои специфични пекарски производи ќе бидат присутни и заедниците од Македонија, а учество најавија и неколку амбасади.

Одржувањето на манифестацијата е помогнато од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска