Хуавеи се „закача“ со Епл и Самсунг пред премиерата на П20

Од:

Хуавеи започнаа интересна кампања во Велика Британија во пресрет на премиерата на својот нов предводник П20.

По улиците на големите градови во моментов често се забележуваат камиони со реклами кои ги повикуваат корисниците да не брзаат со купување на нов телефон и да го почекаат 27 март. Исто така, на има графити со реклами за премиерата на телефонот.

Интересно е дека камионите и графитите секогаш се забележани во околината на официјалните продавници на Епл и Самсунг, што е очигледно поигрување со клиентите на двете компании.

Инаку рекламите освен за очекувањето на премиерата на П20 се фокусирани и врз вештачката интелигенција, што не е посебно изненадување со оглед на тоа дека Хуавеи става силен акцент на оваа технологија од минатата година, кога ја додаде во чипсетот Кирин 970.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска