Команијата ХТЦ на ИФА саемот во Берлин го претстави новиот Дизајр 820 смартфон со 64. битен Снапдрагон 615 процесор.
Новиот член на семејството ХТЦ Дизајр доаѓа со екран со висока дефиниција и големина од 5,5 инчи.
ХТЦ Дизајр 820 е опремен со 13 мегапикселна камера на задниот дел и осум мегапикселна камера на предниот дел, како и опциите Фејс Фјужн, Лајв Мејкап и Фото Бут.
Процесорот Снапдрагон 615 овозможува исклучително брза Кат 4 4Г конекција со брзина до 150 мбпс. Заедно со интегрираниот ЛТЕ модем и 64. битен процесор уредот нуди исклучителна брзина и стабилност.