Компанијата „Хјулит Пакард“ ХП претстави нов финансиски прифатлив таблет ХП 7 плус наменет за долниот сегмент од пазарот.
Уредот има екран од седум инчи со резолуција 1024х600 пиксели и четиријадрен Кортек А7 процесор со брзина од 1 Гигахерц. Таблетот има работна меморија од 1 гигабајт и 8 ГБ внатрешен простор.
ХП 7 плус доаѓа со камери од 2 мегапиксели на задниот дел и 0,3 мегапиксели на предниот дел. Батеријата е со капацитет од 2.800 мили Ампер часа, што е доволно за пет часа користење.
Цената на таблетот на американскиот пазар изнесува 99,99 долари.