Холандскиот претставник Јост Клајн е под истрага од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) поради необјаснетиот „инцидент“ – и нема да оди на „проба“ до „понатамошно известување“.
Холандскиот пејач не се појави на претпоследната генерална проба на натпреварот во Малме, каде што требаше да ја изведе својата песна „Europapa“. ЕБУ во соопштението наведе: „Во моментов истражуваме инцидент што ни беше пријавен во врска со холандскиот уметник. Тој нема да вежба до понатамошното известување“.
„Во моментов немаме дополнителни коментари и ќе ги ажурираме во догледно време“, објавија тие.
Холанѓанецот наводно удрил член на израелската делегација откако тој ја исмејувал смртта на неговите родители. Клајн присуствуваше на почетокот на пробата и излезе на сцената во костим, но не се појави кога дојде редот да настапи.
Покрај тоа, внимание привлече однесувањето на холандскиот пејач на прес-конференцијата по второто полуфинале. Имено, Јост со холандското знаме ја покри страната на лицето свртена кон израелската претставничка Еден Голан, а во моментот кога таа разговараше со новинарите тој целосно си ја покри главата.
this is a video showing joost klein specifically asking "why not", when eden golan was allowed not to answer a press question on security
KING king king three times king💙 pic.twitter.com/Eh1PTNXzdS
— theEsc🍉||🇨🇭🇭🇷🇬🇪 (@elle_hannah15) May 9, 2024
Еден беше прашана од новинар дали мисли дека со себе носи ризик и опасност за другите натпреварувачи. Водителот и рекол дека не мора да одговори на прашањето, на што Јост гласно рекол: „Зошто да не?“.
Многумина претходно изразија силно противење да му се дозволи на Израел да учествува на натпреварот во светло на конфликтот во Газа. На публиката и е забрането да прикажува какви било пропалестински симболи, но натпреварувачите како Клајн најдоа начин да го изразат своето мислење за ова прашање.
Ирската претставничка имаше испишано „примирје“ на лицето, а грчката претставничка се правеше дека спие и зеваше додека Голан зборуваше на прес конференцијата.