Холандска компанија ќе гради вештачки остров со електрани на ветар

Од:

Холандската национална енергетска компанија „ТенеТ“ планира во Северното море да изгради вештачки остров, кој би требало да биде поддршка за најголемата светска фарма на електрани на ветар.

Според плановите, островот ќе биде сместен во подморското песочно возвишение Доџер Бенк, кое се наоѓа 100 километри североисточно од брегот на Англија, во правец кон Данска.

Доџер Бенк е многу плиток и се наоѓа на 20 метри морска длабочина, а се протега на површина од 260 километри, со ширина од околу 65 километри.

Положбата на островот ќе овозможи енергијата да се испраќа во Холандија, Велика Британија, Белгија, Германија и Данска, а неодамнешниот извештај на компанијата покажа дека островот би можел да биде поевтин од конвенционалните електрани на ветар и меѓународните кабли за напојување.

Доколку се се одвива според планот, проектот би можел да биде завршен до 2027 година.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска