Ако можеби помисливте дека на Ворнер Брос му снема промотивни материјали за претстојниот фантастичен спектакл Хобитот: “Неочекувано патување”, сте се излажале. Само што се објавени четири нови банери кои ни откриваат некои од најважните сцени во првата епизода од трилогијата на режисерот Питер Џексон.
И како тоа да не е доволно, ново зеландската пошта издаде специјална серија на марки и монети во чест на трилогијата, од кои се очекува да се зголеми националниот приход од туризмот.
Првиот филм во трилогијата работен според романот на J.R.R. Tolkin, The Hobbit: An Unexpected Journey (Хобитот: Неочекувано патување) ќе биде премиерно прикажан на 14 декември.
Другото продолжение на The Hobbit: The Desolation of Smaug (Хобитот: Смуговата пустош) се очекува во кината на 13 декември 2013 година. Третиот филм, The Hobbit: There and Back Again (Хобитот: Таму и пак назад) во кината ќе се појави на 18-ти јули 2014. година.