Финската компанија ХМД Глобал најави дека на 29 мај ќе организира специјален медиумски настан што ќе се одржи во Москва и ќе биде посветен на нејзините телефони со брендот Нокиа.
На него сигурно ќе видиме нови смартфони (руската покана открива дека станува збор за светска премиера), но засега нема поконкретни информации за очекуваните производи, иако веќе има кандидати за премиера, како на пример новите верзии на моделите Нокиа 3 и Нокиа 5.
Исто така е можно да се види меѓународната верзија на Нокиа X6, која беше презентирана денес во Кина.
Домаќини на настанот ќе бидат извршниот директор Флориан Зајхе, маркетинг шефот Пекка Рантала и главниот продукт менаџер Јухо Сарвикас, што сугерира дека новите уреди ќе имаат важно место во портфолиото на компанијата.