Хјустон ќе забрани јавна куќа со роботи

Од:

По најавите на една канадска компанија, Градскиот совет на Хјустон, Тексас, предвреме ги измени локалните прописи и забрани отварање јавни куќи со роботи.

„Куклите за љубов”, наречени така по научнофантастичната серија „Западен свет”, во која роботите се „интегрирани“ во општеството, па се наменети и за сексуални услуги, нема да бидат дозволени во оваа американска сојузна држава. Градските власти едногласно ги одобрија измените на прописите за занимањата поврзани со секс.

Тоа значи дека во објектите за сексуални услуги отсега се забранува полов однос со „антропоморфни направи”, односно механички предмети со човечки облик.

Членот на Градскиот совет, Грег Тревис образложi дека таков објект „не би бил добар за економијата во градот”.

– Ние не сме град на гревот, нагласи Тревис.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жена со години јаде камења, досега изела над 1.360 килограми

Ана Ололовска

Бизарна смрт во Барселона – човек загинал барајќи си го телефонот во скулптура на диносаурус

Жарко Настоски

Индиска двојка за три години се селела 18 пати поради фобија од лебарки

Ана Ололовска

На денот на свадбата свекрвата дознала дека снаата и е родена ќерка

Ана Ололовска

Приказна што го шокираше светот: Го воспитувала 13 години, а потоа го завела, сега имаат бебе

Ана Ололовска

ВИДЕО: Само во Јапонија – фирма „купува“ човечки лица за 300 евра и прави морничаво реалистични маски

Жарко Настоски