Јужнокорејскиот автомобилски гигант Хјундаи склучи договор за соработка со софтвер компанијата Навер за заедничко производство на роботски решенија, јави новинската агенција Јонхап.
Спогодбата предвидува роботичкиот оддел на автомобилската компанија да ја преземе одговорноста за производството, продажба и проверка на квалитетот на новите роботи „М1“ и „Араунд“, додека Навер Лабс ќе биде задолжен за софтверот. За таа цел, Хјундаи ќе ги прошири капацитетите на производствените погони во градот Даегу, што се наоѓа на околу 300 километри југоисточно од Сеул.
Роботите кои ги планираат Хјундаи и Навер ќе може да се користат во во шопинг-центри, бензински станици, хотели и фабрики.