Хју Џекмен ја игра главната улога во трилерот „Затвореници“ на канадскиот режисер Денис Вилинуве, кој важи за сериозен кандидат за Оскар.
Овој актер, познат по талентот и разноврсните улоги во неговата кариера, овој пат е татко кој ја зима правдата во своите раце порадитоа што ќерка му е киднапирана.
„Самото читање на сценариото ме направи да бидам прилично нервозен“ кажа Џекмен.
„Филмот на некој начин е класичен трилер, но како филмот одминува непрестанато ве поттикнува да размислувате“.
„Сценариото кружеше некое време, но не потпишав договор додека за режисер не беше поставен Денис Вилинуве. Приказната има елементи на класичен трилер, додека го читав сценариото по прв пат, ме држеше на работ на столицата. Но, исто така е и комплексна приказна, и знаев дека ни е потребен режисер со посебно чувство кој може да го искористи тој потенцијал и да ја нагласи драмата и прекрасната приказна“
Џекмен почна со сминањето на „Затвореници“ веднаш по улогата во „Вулверин“, додека пак паралелно работеше и на филмот „X-men: Деновите на минатото“.
„Снимив четири филмови по ред“ кажа Џекмен. „Во Австралија постои израз „живееш во куќа за кучиња“, а тоа е всушност животот кој моментално го живеам“
„Холивуд репортер“ пишува за филмот „Џекмен работи нешто што би можело да биде негова најјака и најубедлива улога во неговата кариера“.
Денис Вилне, познат канадски режисер и сценарис, еден од најдобрите канадски режисер. Добитник е на тројна награда од Канадската академија за филмска и тв уметност а познат на светската јавност и стана кога неговиот филм „Близнаци“ беше номиниран за Оскар како најдобар странски филм за 2011 година.
Неговиот нов филм критичарите го опшуваат како комбинација на остварувањата „Кога јагнињата ќе стишат“ и „Мистична река“.